Скандал во белгиска градинка, биле тепани, држени со главата под вода за да престанат да плачат

Брутален третман на бебиња кои биле тепани, држени со главата под вода за да престанат да плачат, насилно хранење кога одбивале да јадат, скандалот во оваа градинка го потврди Одделот за детство во северниот дел на Белгија.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, градинката е затворена минатата недела по итна постапка откако родителите пријавиле дека нивните деца биле малтретирани и злоставувани, а дел од вработените дале отказ.

Грозоморните случаи се откриени во градинка во Фландрија, северниот регион на Белгија, открија медиумите. Двомесечно бебе било затворено во кујната затоа што “премногу плачело“, други бебиња и деца биле тепани, некои од нив насилно се држеле под студена вода за да престанат да плачат или насилно им се давало храна. Идентификувани се случаи на деца кои, кога ставале раце во тоалетот, им се буткала главата во ВЦ школката и се пуштала вода врз нив.

Истрагата е отворена во октомври минатата година, по повеќе поднесени жалби, од родители и од вработени, а инспекции имало во март и април оваа година.

Градинката беше конечно „итно“ затворена минатиот четврток.

извор: МИА