Управителот на „Беса транс“, Беким Хаџиу денеска пред Кривичниот суд во Скопје рече дека го разбира обвинението, но „не се чувствува виновен“. Тој и неговата компанија како правно лице се обвинети за фалсификување извод од лиценца за вршење меѓународен патен сообраќај. Во ноември минатата година автобусот на „Беса Транс“ имаше несреќа на автопатот Струма во Бугарија при што загинаа 45 лица, меѓу кои и 12 деца, објави slobodnaevropa.mk
Обвинителот Владимир Милошески рече дека автобусот на „Беса Транс“ со фалсификуван изводот од лиценца за меѓународен сообраќај лани во од 10 јануари до несреќата во ноември излегол 20 пати од државата.
Претставник на Министерството за транспорт врски, кое е надлежно да издава лиценци, пред судот изјави дека компанијата „Беса транс“ имала лиценца за слободен меѓународен превоз на патници.
Адвокатот Асмир Алиспахиќ изјави дека ниту се правел лажен документ ниту се менувала некоја постоечка лиценца за да се користи како вистинска.
Автобусот на „Беса Транс“, кој на враќање од Истанбул се запали и изгоре на автопатот Струма во Бугарија на 23 ноември минатата година е една од најтешките сообраќајни несреќи на балканските патишта во историјата.
извор:slobodnaevropa.mk
форо: Архива