Бранко Црвенковски стана дедо, се роди внукот Бранко

Поранешниот лидер на СДСМ и претседател на Македонија Бранко Црвенковски стана дедо. Минатиов викенд неговиот син Љупчо доби син, кој ќе го носи името на неговиот дедо Бранко.

Во текот на вчерашниот ден се славеше и се частеа мекици во познат скопски угостителски објект, а синот Љупчо потрвдил дека името на внукот ќе биде како неговиот дедо, Бранко.

Синот Љупчо е оженет за ќерката на поранешниот директор на Комерцијална банка Драгољуб Арсовски, кој беше поранешен министер за внатрешни работи.

 

 

reporter.mk