Во Полициската станица Кисела Вода вчера во 10 часот бил извршен службен разговор со Н.Ј.(35) од Скопје поради сомнение дека на 11.11.2022 во канцеларијата на директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје, поради непродолжен договор за работа, со тврд предмет оштетил дел од инвентарот и со бензин предизвикал пожар.
Како што информираа денеска од МВР, во службениот разговор тој го признал делото. Н.Ј. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по чл. 292 од КЗ.
фото: Архива