Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто за „Република“ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите убедливо и дека тој ќе биде предводник на некоја од изборните единици.
-Да минатите избори излегов на изборите како носител на кампањата и за себе реков дека би се претставил ете како кандидат за премиер и така натаму, што можеби од денешна перспектива и беше погрешен потег и беше погрешен чекор. На овие избори секако да ќе бидам на една од листите како носител на истата, доколку Централниот комитет ми ја даде довербата да бидам исто така истовремено и кандидат за мандатар на идната влада доколку ВМРО-ДПМНЕ победи, потенцираше Мицкоски.
извор: ВМРО ДПМНЕ