НАСА ја лансира мисијата на Месечината, „Артемида I“ од Вселенскиот центар „Кенеди“

Американската вселенска агенција НАСА ја лансира мисијата на Месечината, „Артемида I“ од модернизираниот Вселенски центар „Кенеди“ во Флорида, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„„Артемида I“ започнува ново поглавје во човековото истражување на Месечината“, објави НАСА на Твитер.

Се додава дека ова е првпат Системот за вселенско лансирање на НАСА (SLS) и „НАСА Орион“, најбезбедното вселенско летало дизајнирано од НАСА, да летаат заедно.

Примарните цели за „Артемида I“ се да ги демонстрира системите на „Орион“ во услови на вселенски летови и да осигура безбедно повторно враќање, спуштање, слетување во море и закрепнување пред првиот лет со екипажот на „Артемида II“.

НАСА соопшти дека тоа е првиот интегриран пробен лет на ракетата и вселенското летало што ќе го однесе човештвото на Месечината.

Мисијата ќе трае 25 дена во вселената, а капсулата „Орион“ ќе се врати на 11 декември.

Мисијата „Артемида II“, планирана за 2024 година, ќе однесе четворица астронаути на идентично патување околу Месечината и назад.

„Артемида III“, според планираното, треба да однесе двајца астронаути на површината на Месечината во 2025 година или подоцна.

Планираните лансирања за „Артемида I“ беа одложени кон крајот на август и почетокот на септември поради технички проблеми.

Ураганот Иан, исто така, го спречи лансирањето на крајот на септември и почетокот на октомври.

„Артемида I“ ќе тргне на патување долго 2,1 милион километар околу Месечината и назад.

„Орион“ ќе влезе во елипсовидната орбита на Месечината, односно вселенското летало ќе биде на 99 километри над површината на Месечината до околу 64.373 километри раздалеченост од неа.

СЛС е најголемата ракета што е некогаш конструирана, долга 98 метри, со потисок од 3,9 милиони килограми.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).