ВРЕМЕПЛОВ- Настани на денешен ден, 17 ноември

1558 На англискиот престол дојде кралицата Елизабета I, за време на чие владеење Англија ги консолидира внатрешните состојби, се ослободи од притисокот на Шпанија и излезе со своите бродови на сите светски мориња. Истата година, англиската флота ја порази шпанската „непобедлива армада“ и со тоа ја начна моќта на својата соперничка во освојувањето на колониите.

1913 Првите бродови минаа низ Панамскиот Канал. По должина од 82 километри, каналот беше отворен во 1914 година.

1984 Прогласен е Светскиот ден на непушењето, на Петтата светска конференција за пушењето и за здравјето одржана во Канада.

1989 Со студентски протести во Чехословачка започнува Кадифената револуција.

1991 Усвоен е Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на сувереност и самостојност.

1991 Основана Европската ракометна федерација (ЕХФ).

2006 Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција во корист на приемот на Македонија, Хрватска, Албанија и Грузија во НАТО.

2008 Поради попречувањето на приемот во НАТО, Македонија покрена тужба против Грција за прекршување на Привремената спогодба од 1995.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија