(ФОТО) Селма Хајек го „хипнотизираше“ Лондон

Синоќа во Лондон било одржано доделувањето на наградите „Маж на годината“ кое го организира магазинот „GQ“, а покрај многуте мажи посебно внимание привлекла една дама – актерката Селма Хаек.

Шармантната актерка Селма Хаек секогаш привлекува внимание каде и да се појави на црвениот тепих затоа што секогаш носи комбинации кои дополнително ја истакнуваат нејзината фигура на песочен часовник.
Ниту овојпат не било ништо поразлично, а актерката за овој настан подготвила посебен фустан.

Мексиканската актерка за оваа прилика избрала да носи долг, црвен фустан од модната куќа на Вивиен Вествуд.

Фустанот е елегантен и прекрасен, а исто така совршено ѝ прилега на актерката. Тој во прв план го истакнува деколтето кое во случајот на Селма секогаш е забележано.

Актерката одлучила да носи модел на фустан којшто ги открива рамената и можеби премногу кога станува збор за деколтето, но згодната Мексиканка и тоа како умее да го износи тоа, зарем не?

Со оглед на ефектниот фустан којшто е доволен сам по себе, актерката била „едноставна“ кога станува збор за аксесоарите, па на себе носела само обетки, а кога станува збор за обувките, носела црни чевли со висока потпетица.

 

 

karmin.tocka.mk