Националната установа „Музеј на Македонија“ наместо да го чува, заштитува и резентира културното богатство, сега мириса на влага, која по ѕидовите направила „уметничка текстура“, а точно во средина од установата има скршени стакла кои ја нагрдуваат зградата. Ваква е сликата само на првиот кат, каде посетителите имаат можност да видат само мал дел од изложените дела, но влезовите од вториот кат се привремено затворени од сите страни и тоа поради полавените простории, објавува Алфа ТВ.
Црвената лента пред скалите кои водат кон вториот кат кажува дека пристапот е забранет за посетители. Според вработените во музејот, затворено ќе биде и наредниот период поради прокиснување на покривот од зградата. И додека музејот се распаѓа , според сликите кои се објавени на социјалните мрежи, постојаната историска поставка како да ја нема.
Нема пристап ниту до постојаната поставка Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година и евакуацијата на децата од Егејскиот дел на Македонија, отворена 2014 г. Таа сега воопшто ја нема ниту на веб страницата на Музејот, а непознато е во каква состојба се овие екаспонати.
Симболот на Музејот на Македонија е галеријата на икони, која претставуваше јадро од најстарите, најтипичните и најрепрезентативните приемри на ередновековната уметност. Тоа се иконата на Св. Богородица Одигитрија, иконата на Исус Христос Спасител и Живодавец, како и познатата икона на Св, Богородица Пелагонитиса.
ekspres.mk