Кристина Арнаудова: Четврто или петто оддление бев кога дознав дека татко ми е пејач!

Во неодамнешно интервју нашата позната пејачка Кристина Арнаудова ја твори душата и проговори јавно за својот татко кој беше познат пејач, Гоце Арнаудов. Таа раскажа за нејзиниот ѓивотен пат низ детството.

– Мајка ми ме родила многу многу млада, тоа се случило, и бидејќи таа веќе била спремна да замине на факултет во тој момент, баба ми и дедо ми не биле во тој момент за таа да чува дете, но таа не сакала да се откаже од мене и се запишала на факултет, и го заврши тогаш факултетот и сега мајка ми е електро-инженер.

Во тој период додека мајка ми студираше ме чуваа баба ми и дедо ми, и тие се клучни фигури во мојот живот“, рече Кристина за своите баба и дедо кои се жал упокоени.

Што се однесува до нејзиниот татко Кристина кажа дека до својата 11та година не го ни понавала ниту пак знаела кој е нејзиниот татко.

-Јас вакви работи одбегнувам да зборувам, особено зашто тој веќе не е меѓу нас, но првпат дознав кога бев петто одделение.

Четврто или петто оддление бев кога дознав дека татко ми е пејач, тој во тоа време не живееше во Македонија, живееше во Србија. И тогаш мајка ми веќе сметала дека е време, дека ќе разберам веќе се, бидејќи јас често прашував.

Бидејќи децата околу мене ме прашуваа: Како може да немаш татко. На таа возраст сфатив, а тогаш веќе кај мене беше многу изразена желбата за пеење. И веројатно тоа можеби ја поттикнало мајка ми да ми каже.

 

 

info7.news