(ВИДЕО) Селма Хајек ги остава гледачите без здив во трејлерот за новиот филм

Атрактивната мексиканско-американска актерка Селма Хаек го претстави трејлерот за својот нов филм којшто јасно и на прв поглед, гледачите ќе ги собере пред екраните.

Атрактивната Селма која во септември го прослави 56-от роденден и натаму изгледа неверојатно, а сега својата публика ја воодушевила во трејлерот за филмот „Magic Mike’s Last Dance“.

Хаек ја толкува улогата на партнерка на машкиот стриптизер Мајк којшто го глуми Ченинг Тејтум, а една сцена која на гледачите особено им се допаднала е онаа каде парот изведува жежок танц, испреплетувајќи ги своите тела едно со друго.

Во еден момент се гледа како Селма ги префрла своите нозе преку рамената на актерот, соблекувајќи му ја кошулата.

„Дојде и ми го даде овој волшебен, неочекуван момент којшто ме натера да се сетам која сум всушност“, вели актерката додека под трејлерот се наоѓаат коментари од фановите кои пишувале дека поради Селма желно го очекуваат овој филм.

Снимањето на филмот првобитно било потврдено во ноември минатата година, а неговата премиера е закажана за Денот на вљубените. Иако сè уште не се знаат конкретните детали за филмот, Ченинг вети дека ова ќе биде досега најдоброто продолжение.

Исто така и Хаек истакнала дека нејзината улога во филмот е „најмоќниот женски лик досега“, како и дека нејзината љубовна приказна со Тејтум ќе биде нешто моќно и посебно.

 

 

tocka.com.mk