Бен Афлек и Џенифер Лопез повторно привлекоа внимание со своето однесување, но овојпат тоа е деловен ангажман во новата реклама за „Dunkin’ Donuts“.
Имено, славниот пар глумеше во рекламата за „Dunkin’ Donuts“, која се емитуваше синоќа за време на рекламите за Супербоул. Рекламата е режирана од Афлек, а снимена од Ерик Солстром, додека извршни продуценти на рекламата се Рајан Славин и Џеј Полак.
Во рекламата Афлек глуми вработен во т.н драјв-ин продавница во Масачусетс, каде купувачите ги преземаат своите крофни. Во еден момент, Афлек одлучува да ѝ подари на една девојка бесплатни крофни, а потоа се фотографира со друга девојка.
Рекламата доживува заплет кога неговата сопруга Џенифер Лопез се појавува во еден од автомобилите и нервозно почнува да поставува прашања, на што Афлек тивко ѝ одговара да престане да го срами пред пријателите.
По кратката расправија, Џенифер Лопез му вели да ѝ спакува крофна со глазура.
they say go big or go home so Ben went big and came home to Massachusetts pic.twitter.com/PctBV6McLR
— Dunkin' (@dunkindonuts) February 12, 2023
видео: Dunkin’