Сопружници загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Струмица

Сопружници од село Мокриево на возраст од 70 и 69 години загинаа попладнево во тешка сообраќајна несреќа на излезот од село Колешино кај Струмица.

Според информациите од СВР Струмица, автомобилот „Фолсваген пасат“ со струмички таблички, кој го управувал Т.Н. и во кој сопатник била неговата сопруга Н.Н. излетал од коловозот и завршил во каналот покрај патот.

Од здобиените повреди и двајцата починале на местото на несреќата , а лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта.

На местото на несреќата увид извршиле екипа на полицијата и јавен обвинител од ОЈО Струмица.

 

 

mms.mk