(ВИДЕО) Ибрахимовиќ лично му честита на Ѓоковиќ за победата

0
226

Новак Ѓоковиќ имаше многу фанови на трибините во арената во Торино, а еден од нив беше и шведскиот репрезентативец со босанско потекло Златан Ибрахимовиќ.

Двајцата одамна се пријатели, но фудбалерот на Милан ја искористи можноста вечерва лично да му честита на Ноле за големиот успех.

Го почека во поттрибинскиот простор заедно со сопругата Хелена Сегар, а потоа двајцата се прегрнаа и се фотографираа со освоениот пехар.

-Кај си брате, му рече Новак на Ибрахимовиќ.

 

 

ulica.mk