Дали Левица сама има повеќе гласови од СДСМ без 25 мали партии во коалицијата ?!

Ај една ПРОСТА МАТЕМАТИКА
Според најновите анкети, Левица има рејтинг од околу 6%, а коалицијата предводена од СДСМ – околу 10% (плус-минус), напиша на својот ФБ профил претседателот на левица, Димитар Апасиев

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

Е сега… Владејачката коалиција на СДС брои 26 одделни партии! За да формирате една партија, по закон, ви требаат најмалку 1.000 членови (25 партии x 1.000 луѓе = 25.000 гласови).
Ако барем најблиската фамилија на основачите гласа за таа партија, тоа би му било по уште минимум четири гласа од член (25.000 основачи x 4 роднини = 100.000 илјади гласови).
Оттука, според рејтингов, цела владејачка коалиција е падната под 200.000 гласови на ниво на држава. Ако на оваа бројка ги одземете коалиционите „додадени гласови“ коишто СДС ги добива од своите партнери и ги соочите партиите „сам на сам“ (само СДС vs Левица) = би добиле дека партијата СДС тежи под 100.000 гласови, а партијата Левица над 105.000 гласови! ❤️
Е, сега, разбирате нели од кај иде премиерската пизма против Левица овие денови.

извор: ФБ Димитар Апасиев