(ФОТО) Шар Планина обвиена во вистинска снежна идила

Во Македонија падна првиот снег оваа година. Тетово Инфо на својата страница на Фејсбук објави фотографија од побелена Попова Шапка.

 

Според УХМР, снег ќе има и денеска на повисоките планини.

Променливо облачно со повремен локален дожд, на повисоките планини повремен снег, претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југозападен правец.

 

faktor.mk