Во супермаркет во Вирџинија менаџер убил десет луѓе

Вооружен маж уби десет луѓе во супермаркет Волмарт во Чесапик, во американската сојузна држава Вирџинија, соопшти полицијата. Човекот, за кој се верувало дека е менаџер на продавница отворил оган, а потоа го свртел пиштолот кон себе и сега е мртов.

Градот Чесапик на Твитер објави „полицијата потврди инцидент со активен стрелец со фатални жртви во Волмарт“.Би-би-си јавува дека има малку детали, но еден полицаец зборувал за не повеќе од 10 загинати и повеќе повредени. Засега не е познат мотивот.

Портпаролот Лео Косински рекол дека се верува дека пукањето се случило во продавницата и дека осомничениот дејствувал сам.

Волмарт рече дека е „шокиран од овој трагичен настан“ и дека „тесно соработува со органите за спроведување на законот“.Сенаторката од сојузната држава Вирџинија, Луиз Лукас, рече дека ѝ е „апсолутно скршено срцето“ од, како што рече, „најновото масовно пукање во Америка“.Таа на Твитер додаде: „Нема да мирувам додека не најдеме решенија за ставање крај на оваа епидемија на насилство во нашата земја“.

nezavisen.mk