Ковачевски без срам повторно ветува исти капитални инвестиции и економски бум во Македонија. Повторно ги слушаме истите проекти како автопатот Кичево – Охрид, автопатот од два километри кон Косово, железнички пруги и слично, единствено различно е што во ветувањата за оваа година ја нема споменато изградбата на нов клинички центар во Скопје, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение го пренесуваме истото во целост:
Владата на Ковачевски ниту има капацитет ниту знаење да реализира капитални проекти во државата. Тие единствено што знаат е да ги трошат народните пари. За 5 години потрошија над 20 милијарди евра а проекти нема.
Така беше и минатата 2022 година кога власта во најголем дел како капитални инвестиции ги книжи набавките на воена опрема, а нема ништо од реализација на нови клинички центри, училишта или автопати. Апсурден пример е дека министерство кое реализирало најголем процент од капитални расходи е министерството на Груби, што нема апсолутно никаква врска со капитални инвестиции кои ќе го подобрат стандардот на живеење на граѓаните. Дополнително друг поразителен податок е дека нивото на капитални инвестиции е помало од буџетскиот дефицит, односно разликата е околу 140 милиони евра.
И за 2023 година владата на Ковачевски ги повторува истите проекти од претходната година и од ветувањата давани од владата на Заев. Само пролонгираат рокови, само трошат пари, а завршница нема никаква.
Колку побрзо оваа власт замине, толку побрзо ќе се надмине ова економско тонење во кое се наоѓа Македонија.
извор: ВМРО ДПМНЕ