Алтернатива не дава министерства за да влезе Алијанса во Владата

Генералниот секретар на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими кажа дека не гледа причина за влез на некоја друга партија во Владата.

„Мнозинството е истото од лани кога Алтернатива се приклучи на Владата. Единствено ново е стравот на ДУИ да не остане без огнените пратеници. Во тој случај ДУИ ќе бара некоја резервна гума, а останува да видиме дали Алијанса ќе го прифати тоа“, вели Ибрахими.

Алтернатива не планира да отстапи министерски места за Алијанса да стане дел од Владата, па премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети треба да продолжат со преговори и СДСМ и ДУИ да отстапат дел од своите ресори, кажа Ибрахими за „Слободен печат“.

извор: Слободен печат