АЛФА: 10 министри Албанци, седум Македонци – Како ќе изгледа Владата ако се договорат Ковачевски, Ахмети и Таравари?!

0
330

10 министри Албанци, 7 министри Македонци. Вака ќе изгледа македонската Влада ако Алијанса за Албанците влезе во владината коалиција. Тоа го покажуваат коалицоните математики, судејќи според шпекулациите познати во јавноста.

Според она што неофицијално го прифатиле Ковачевски и Ахмети, Таравари треба да ги добие министерските места во правда, здравство, информатичко општество и министер без ресор за дијаспора, објави АЛФА. 

Изутрината В.Д. првиот човек на Алијанса, Арбен Таравари за дел од медиумите демантираше дека преговара за да влезе во влада. Но ова не го вели Ковачевски. Тој, парктично потврдува дека преговори има, ама оти се уште ресорите не биле тема на разговор.

Дека со успех ќе завршат разговорите со Алијанса, се надева и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Евентуалниот влез на Алијанса во Влада значи излез на Алтернатива, па нивните две министерски места ќе заминат кај другата албанска партија, од едно свое место ќе се откаже ДУИ. Ахмети ќе го даде информатичко општество, а Никола Тупанчевски ќе замине од правда.

Ваквите математики покажуваат дека Албанците ќе имаат три министерства повеќе од Македонците, дел од нив и клучни ресори.

Текстот во целост на: АЛФА.