Јавната обвинителка Фатиме Фетаи користела годишен одмор од петокот, и била во странство, а денес требало да се врати во земјата. Тоа го изјави во понеделникот Антонио Јолевски, претседател на Советот за јавни обвинители, кога појаснуваше дека се уште не добил писмена потврда од неа, дека ја повлекува својата кандидатура за шеф на Вишото јавно обвинителство, објави Фокус.мк.
Со самото тоа што Фетаи не е во земјава во време кога започна светското првенство во фудбал, кое се одржува во Катар, во јавноста се појавија шпекулации дека обвинителката, позната како страсен љубител на фудбалот, најверојатно се наоѓа на трибините на популарниот меѓународен турнир.
Дали навистина Фетаи не одолеала на можноста да присуствува на фудбалското првенство и заминала во Катар, не успеавме да добиеме потврда, и покрај тоа што „Фокус“ ја контактираше. Таа не одговори на прашањето дали присуствувала на свеченото отворање на настанот, голем спектакл кој поради високите цени на аранжманите во Катар, мал број на љубители на фудбалот од земјава си го дозволија.
Текстот во целост на: Фокус.мк.
фото: Фокус.мк.