Ракетата „Фалкон 9“ на „Спејс икс“ лансирана од Вселенската станица „Кејп Канаверал“ во САД

0
272

Американската компанија „Спејс икс“ со ракетата „Фалкон 9“ го лансира сателитот за комуникација „Еуталсат 10Б“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Лансирањето беше реализирано преку Вселенската станица „Кејп Канаверал“ која се наоѓа во американската сојузна држава Флорида.

Според информацијата споделена на интернет-страницата на НАСА, сателитот за комуникација „Еуталсат 10Б“ на клиентите во Америка, Атлантскиот Океан, Европа, Африка, Средниот Исток и Средна Азија ќе им нуди широкопојасна конекција, видеоконекција и дата конекција во авионите и во поморските подрачја.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).