Шегата на страна, марката и типот на автомобилот обично не се виновни за непромислените постапки на возачот. Во овој случај, виновникот бил зад воланот на стар Lexus IS. Дивеењето на 26-годишниот возач низ кружниот тек, каде извозел два круга со Lexus и ги запалил гумите додека „дрифтал“, го снимил случаен минувач, па полицијата од Вилтшир немала премногу проблем да се утврди кој бил зад воланот.
Лексусот го управувал Даниел Басет, кој се соочил со обвинение за опасно возење. Деновиве стигнала и пресудата. Возачката дозвола му е одземена на 15 месеци, а повторно ќе мора да го положи тестот за да си ја врати дозволата. Исто така, тој ќе треба да направи 200. часа добротворна работа, да посетува часови за рехабилитација и да учествува во секоја активност што ќе ја побара одговорниот службеник до најмногу 15. дена. Басет мора да плати и 85 фунти за судски трошоци и 95 фунти за дополнителни трошоци.
FB