АЛФА: Протест на штипјани во населбата „Промаја“: Ако никнат гаражи од 3 метри, со пиштоли ќе бараме паркинг

0
368

Изградба на гаражи во висина од три метри, на нозе ги крена станарите од зградите кај штипска “Промаја“. Утринава излегоа на протест, барајќи од надлежните целосна контрола врз она што се гради. Претпоставуваат дека во гаражите ќе се работи и со тоа ќе се створи дополнителен хаос на улицата, којас се воиди како тесно грло, објави АЛФА.МК.

“Наместо да се паркират коли на станарите, ќе се паркират возила на некој што имат потреба од сервис. Ќе се ангажира оператива и фактички и овој дел ќе биде сто посто блокиран. За кратко време ако се реализира како што е наумил инвеститоро, најверојатно станарите ќе почнат да си вадат и пиштоли меѓу себе за паркинг простор“-изјави Златко Шумански, станар.

Тврдат дека со изградбата на новиот објект се нарушува статиката на зградите. Единствен пристап им се скалите. Велат невозможно е до нивните домови да дојде пожарникарско возило или возило на Брзата помош.

Текстот во целост на: АЛФА.МК.