Патнички воз прегази машко лице на железничката пруга Битола – Скопје, кај железничкиот мост на Маркова Река.
Во несреќата лицето починало на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од итната медицинска помош.
Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е дадено во Институтот за судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице.
skopskoeho.mk