Министрите за надворешни работи на НАТО учествуваат на дводневниот состанок во Букурешт, главниот град на Романија, кој започнува денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министрите треба да разговараат за војната во Украина, која се смета како закана за евроатлантскиот мир и безбедност.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред почетокот на состаноците изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја искористи зимата како оружје против Украина и дека Русија можеби ќе продолжи да ја напаѓа украинската електрична мрежа и инфраструктура за природен гас.
Столтенберг додаде дека министрите за надворешни работи на НАТО ќе се сретнат со украинскиот колега Дмитро Кулеба за да разговараат за најитните потреби на Украина.
„НАТО ќе продолжи да биде со Украина онолку колку што е потребно. Нема да се откажеме. Не може да има траен мир доколку победи агресорот“, рече Столтенберг.
Највисокиот украински дипломат рече дека министрите за надворешни работи на НАТО за време на состанокот ќе разговараат за обезбедување ново оружје, муниција и воена опрема за Киев.
На состанокот исто така ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија за да разговараат за соработката со НАТО.
„Овие три земји се соочуваат со руски притисок на многу различни начини, така што на нашата средба ќе преземеме дополнителни чекори за да им помогнеме да ја заштитат својата независност и да ја зајакнат својата способност за одбрана“, истакна Столтенберг.
Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).