(ФОТО) Првиот турски електричен автомобил „слезе“ од производните ленти

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кон крајот на октомври го „симна“ од производствената лента првиот домашен електричен автомобил TOGG , што се поклопи со свеченото одбележување на 99-годишнината од Денот на Републиката, пренесуваар тамошните информативни агенции…
Ердоган претходно го посети комплексот Гемлик, во провинцијата Бурса, каде што се одржува свеченото отворање на комплексот за сериско производство на турскиот електричен автомобил TOGG.


Ердоган и неговата сопруга Емине го тестирале возилото TOGG, во комплексот Гемлик, во провинцијата Бурса, каде и се одржува свечено отворање на комплексот за сериско производство на турскиот електричен автомобил TOGG.

Опремен со долготрајна батерија, обезбедена со напредно управување со батериите и активни системи за управување со топлинска енергија, автомобилот може да забрза од 0-100 km/h за помалку од 7,6 секунди, со верзијата со моќ од 200 КС и за 4,8 секунди со верзијата моќна 400 КС.

Со батерија интегрирана во платформата, компатибилна со нивото на Euro NCAP со пет ѕвезди, ќе има висока отпорност на удар и 30 проценти поголема отпорност на торзија. По завршувањето на тестовите за хомологација, првиот SUV во сегментот C ќе биде лансиран на пазарот на крајот на првиот квартал од претстојната  2023 година.

Тогаш во производствената линија ќе влезат седан и хечбек модели во сегментот C. Во наредните години, со додавање на B-SUV и C-MPV, ќе биде комплетирана гамата на TOGG од пет модели. Кога комплексот ќе достигне годишен производствен капацитет од 175.000 возила, ќе вработи 4.300 луѓе.

Инаку  во TOGG планираат да произведат еден милион возила до 2030 година.

 

avtoklub.mk