За време на натпреварот помеѓу Бразил и Швајцарија, бразилска навивачка ја снимаше публиката, а во еден момент шеикот и се насмеа и весело мавташе, што не и се допадна на неговата сопруга. Видеото стана хит на социјалните мрежи, а сите ја коментираат реакцијата на сопругата на шеикот.
Шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани е поранешен емир на Катар, а неговото богатство се проценува на повеќе од две милијарди долари. На неговата сопруга Моза бинт Насер не и се допадна флертот со навивачката, па строго го погледна својот сопруг.
Видеото е хит на социјалните мрежи, а луѓето го коментираат смешниот момент. „Мислам дека нема да биде толку насмеан кога ќе дојде дома“, е еден од коментарите под објавата.
View this post on Instagram
Инаку, Моза е позната како жена со исклучителен стил, поради што во 2015 година беше прогласена за една од најдобро облечените жени во светот, а со својот изглед на отворањето на Светското првенство ги воодушеви сите.
index.hr