Тупанчески:Дигиталната судница во Идризово нуди најсовремени услови за спроведување на судски процес

Ставена е во функција најголемата дигитална судница во државата во Идризово која е последниот од низата проекти кои ги реализираше Министерството за правда. Објектот се простира на површина од 1089 м2 со капицитет за 120 лица.  Ова е  најголемата и најопремената судница во Република Северна Македонија  со судска сала од 290 м2. Изградена е по примерот на судниците во државите со големо искуство во сузбивањето на организираниот криминал. Таа е само еден сегмент од целокупниот комплекс за оваа намена кој меѓудругото содржи и простории за обвинетите, посебни канцеларии за судиите и јавните обвинители, простории за адвокатите, најсовремен систем за заштита на сведоци со можност за изобличување на слика и тон, систем за видеоконференција, кабина за преведувачи, како и соодветен безбедносен и мониторинг систем. Комплексот располага со посебни влезови за осудени лица, за службени лица, како и за јавноста која ќе присуствува на овие судења и посебен дел за новинарите.

Вкупната вредност на изградбата на објектот изнесува  1,3 милиони евра од кои речиси 975 илјади евра се обезбедени преку ИПА акциската програма,, Поддршка за секторот правда”на ЕУ а за набавка на  безбедносната опрема беше обезбедена донација на Амбасада на САД во вредност од над 60 илјади евра.За ова намена, Владата  од буџетот издвои околу 283 илјади евра финасиска помош и дополнителни 45 илјади евра преку Управата за извршување на санкции за набавка на мебел и опрема.

 

извор: Влада