Експлозија на писмо бомба во Украинската амбасада во Мадрид

Едно лице е повредено во експлозија што се случи денеска во Украинската амбасада во Мадрид, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Експлозијата се случила кога вработен во Амбасадата го отворил пликот“, објави шпанската Радио-телевизија Мадрид (RTVM).

„Вработениот се здобил со полесни повреди и можел сам да отиде во болница“, се вели во извештајот.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).