Лебот ќе поевтини само тоа нема да биде денеска, туку во текот на месецот. Во повеќето продавници цената на зејтинот е веќе намалена. Цените на месото пак се условени од укинување на давачките на увезените суровини, а во некои маркети има минимално намалување на цената на млекото. Од Пазарниот инспекторат најавуваат засилени контроли на терен и казни за трговците кои нема да ја почитуваат одлуката на Владата за намалување на цените.
И покрај најавите за поевтинување на цените на основните прехранбени производи за 10 отсто, денеска не забележавме пониска цена на лебот, млекото, месото.
Утринската прошетка на екипата на РСЕ во некои од поголемите маркети во Скопје покажа дека цената на лебот е иста како и пред неколку дена, кога исто така ги посетивме тие маркети. Исти како и пред неколку дена се и цените на млекото, месото, брашното, зејтинот.
Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk