Илон Маск: Твитер брише голем број спам-профили

0
165

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, изјави дека Твитер започнал да ги отстранува спам-профилите, пренесува Агенција Анадолија (АА),

„Твитер во моментот брише многу спам-профили, па може да видите дека бројот на вашите следбеници се намалува“, напиша технолошкиот милијардер на Твитер.

Пред купувањето на компанијата за социјални медиуми за 44 милијарди долари, Маск се закани дека ќе излезе од договорот доколку Твитер не открие докази дека спам и бот-профилите се помалку од 5 отсто од корисниците.

Се очекува ова прочистување да го елиминира бројот и на следбениците на Маск.

Цитирајќи ја анализата на Шкотската академија за дигитални вештини „КодКлан“ (CodeClan), „Форбс“ (Forbes) објави дека Маск би можел да изгуби 13,5 милиони следбеници доколку се отстранат спам-профилите од Твитер.

извор:Агенција Анадолија (АА),

фото:Агенција Анадолија (АА),