Надворешниот јавен долг продолжува значително да расте во земјите од Западен Балкан. Податоците за оваа година покажуваат натамошно зголемување на обврските кон надворешните кредитори. Надворешниот долг е дел од долгот на земјата позајмен од странски заемодавци, вклучувајќи комерцијални банки, влади или меѓународни финансиски институции. ТРТ Балкан го анализираше надворешниот долг на земјите од Западен Балкан за 2022 година, врз основа на официјалните бројки на домашните институции, Централните банки и министерствата за финансии, објави TRT Balkan.
Од целиот регион, најкритична е состојбата во Црна Гора и во Северна Македонија, во однос на нивото на надворешниот долг во однос на Бруто домашниот производ. Надворешниот долг на Црна Гора е 68,4 отсто, покажуваат официјалните податоци од Подгорица, надминувајќи го нивото од 60 отсто што се смета за критично ниво според меѓународните стандарди.
Северна Македонија, пак, е многу блиску до ова ниво, при што надворешниот долг достигнува 58,3 отсто од Бруто домашниот производ.
Текстот во целост на: TRT Balkan.
фото: TRT Balkan.