Деновиве целосно се изгланца споменикот на Александар Македонски на плоштадот “Александрија” во Прилеп. Сега споменикот одново свети како кога беше поставен во 2006 година.
Прилеп таа година беше првиот град во земјава каде беше поставен споменик на големиот македонски војсководец Александар Македонски.
Во таа 2006-та година, честа да го откријат споменикот ја имаа донаторот Ѓорѓија -Џорџ Атанасоски и тогашниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески. На свеченото откривање на споменикот беше присутен и Никола Груевски, тогашен премиер на Владата на Република Македонија со своите соработници, како и голем број други видни личности од општествено-политичкиот, научниот и културниот живот на Македонија.
markukule.com