Интегрален текст од изјава на Владо Талевски, член на централна комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ:
Македонската енергетика предводена од криминалната матрица на СДС го достигнува дното со лаги, рекетирање и енормно осиромашување на граѓаните.
Деновиве после објавите за криминал и корупција, директорот на РЕК Битола, со заканување се обидува да ја сокрие вистината.
Проблемите во енергетскиот систем стравуваме дека ќе кулминираат оваа зима, како резултат на погрешните политики во енергетиката.
ВМРО-ДПМНЕ предупредува веќе подолго време, а за тоа највисока цена, за жал, ќе платат битолчани и граѓаните околните општини Новаци и Могила.
Од приказната за грижата за заштитата на животната средина и електростатските филтри во РЕК Битола, одамна нема ништо. Се сѐ заборави.
Почитувани граѓани
И натаму после пет години власт на СДС остануваме со проблемот со загадениот воздух, никакви активности и грижа не покажаа ни за граѓаните, а уште помалку за 2.000 вработени кои секојдневно се жалат на условите во кои работат,а немаат ниту ХТЗ опрема.
Проблемот и натаму се зголемува, ако знаеме дека квалитетот на јагленот кој се ископува се меша со земја за прикажување на поголеми количини, а тоа е многу лошо за животната средина. Ваквата мешавина за да согорува бара поголема поддршка од мазут во котлите!
Тоа лесно може да се види од извештаите за работа на термоелектрани Битола каде и покрај значајниот пад производството на електрична енергија потрошувачката на мазут двојно се зголемува.
За 2020 година за 2.415 GWh потрошено е 7,7 грама по киловат поддршка.
За 2021 година за рекордни мали 1.864 GWh поддршката била 13,21 грам по киловат.
За 2022 година за произведени 1.100 GWh поддршката била 12,21 грама по киловат.
Проблемот го прави уште поголем набавка на мазут, при која не се испочитувани европските стандарди. Количеството на сулфур е двојно повисоко од она што е дозволено за користење.
Според ЕУ директивата од 1 јануари 2020-та година дозволено е користење на мазут со максимум 0,5 % сулфур! Тоа во РЕК Битола, не е испочитувано!
Лицемерието, криминалот и неспособноста на крајот секогаш завршуваат со најголемата казна, а тоа е изгубена доверба кај граѓаните и одговорност за сите сторени злодела!
извор: ВМРО ДПМНЕ
видео: ВМРО ДПМНЕ