Новинарот Младен Чадиковски е реизбран за претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), откако освои мнозинство од гласовите на околу 450 делегати кои гласаа на денешното изборно собрание.
Неговиот противкандидат, Марјан Николовски, веќе му ја честиташе победата, а во изборната трка за челната позиција на ЗНМ учествуваше и новинарката Фиљана Кока.
За Чадиковски гласаа 275 членови на ЗНМ, Николовски доби 119 гласа, додека Кока 53 гласови од членовите на ЗНМ. На денешното собранието присуствуваа 465 членови на ЗНМ.
Чадиковски изјави дека пред се е среќен и задоволен што новинарите денеска се обединија.
Гласањето заврши околу 18 часот, по маратонското изборно собрание на Здружението, кое започна во 10 часот изутринава.
fokus.mk