Иако тука почна да гради музичка кариера и многумина и предвидуваа успех, таа сепак реши да ја напушти земјата.
Имало тешки моменти кога, како што пренесуваат медиумите, јадела по една кифла дневно, а нејзините родители Оља и Драган и помагале финансиски. Ја повикале да се врати во Србија, но Наташа не сакала ни да слушне за тоа.
Инаку, покрај пишувањето филмска музика, таа снима модни едиторијали, сцени и се појавува во шоу програми.
– Не бев во Америка поради целата ситуација. Благодарение на новата технологија и социјалните медиуми, се слушаме секој ден или секој втор ден. Јас не сум од оние родители каде детето мора постојано да биде во скут. Грижата постои, често ме обзема и не ми е лесна. Само јас знам како се чувствувам. Плачам за неа. Тешките работи што ги чувствувам ги преведувам во песни. Имам две-три песни кои и ги посветив, но се уште ги немам снимено – изјавил меѓу другото Кеба во една прилика.
blic.rs