Весна Дамева е нова претседателка на Судскиот совет

Весна Дамева е нов претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Како единствен предлог Дамева, на денешната седница беше изгласана со десет гласа „за“ и еден „против“.

Изборот на Дамева, доаѓа откако Павлина Црвенковска минатата недела, на неколку месеци од истекот на мандатот поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на Судски совет.

Извор: Сител