За победата на Силјановска, но и за поразот на Пендаровски се огласи екс пратеничката од редовите на СДСМ, Солза Грчева, актуелна претседателка на „Глас за Македонија“.
– Проф. Силјановска го прегази Стево како автобус. Сега очекувам 61 пратеник за ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата. Да се паметни СДС уште веднаш треба да честитаат и да си одат во опозиција, порача таа во објава на својот фејсбук профил.