(ВИДЕО) Путин возеше мерцедес по Кримскиот мост

Russian President Vladimir Putin visits a bridge connecting the Russian mainland with the Crimean Peninsula across the Kerch Strait, December 5, 2022. Sputnik/Mikhail Metzel/Pool via REUTERS ATTENTION EDITORS - THIS IMAGE WAS PROVIDED BY A THIRD PARTY.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска возел „Мерцедес“ преку мостот на Крим, неполни два месеци по експлозијата која го оштети овој голем инфраструктурен објект.

 

19-километарскиот патен и железнички мост, кои Путин лично ги отвори во 2018 година, беше бомбардиран на 8 октомври во напад за кој Русија ја обвини Украина.

 

Путин денеска беше прикажан зад воланот на „мерцедес“, а со него беше и вицепремиерот Марат Куснулин. Рускиот претседател зборуваше за местото каде што се случи нападот.

„Возиме по десната страна. Левата страна е, колку што знам, во работна состојба, но сепак треба да се доработи. Сè уште е малку оштетен и треба да го доведеме во идеална состојба“, рече рускиот претседател.

Путин пешачеше и делови од мостот, најголемиот во Европа, за да ги провери деловите кои се уште се темни од експлозијата.

 

Украина не ја презеде одговорноста за бомбардирањето на мостот, кое беше извршено на денот на 70-тиот роденден на Путин. Руската Федерална служба за безбедност соопшти дека нападот го организирала украинската разузнавачка служба.

n1.info.com