Поранешното момче од Маја побара минута молк во нејзина чест

Голем број на медиуми во Танзанија објавија за смртта на македонската инфлуенсерка и мејкап артист, Маја Mia Јанеска, која почина на 39 годишна возраст.

За неа се погласно се зборува дека извршила самоубиство со пиштол, а причината се уште не е позната – објавија повеќе танзаниски медиуми.

Охриѓанката која долги години години живеела во Танзија, околу две години била во врска со популарниот музичар Оми Димпоз. За време на свој настап во локалот Фиеста, завчера тој од публиката побарал неколкуминутен молк, во чест на Маја.

„Додека настапуваше во Фиеста, Димпоз замоли за малку тишина, во чест на Маја Миа. За оние кои се прашуваа која е Маја, таа беше мејкап артист од Македонија, родена во Охрид. Се грижеше за шминката на многу артисти за време на снимање на музички записи, филмови и настани. Исто така, таа за прв пат се појави на Јутјуб во 2012 година, со свое видео во кое подучува како правилно да се шминкате, и доби многу следбеници“, пишуваат медиумите.

Маја беше многу популарна и на Инстаграм и имаше многу следбеници.

Јанеска во моментот на нејзината смрт била во врска со Кајл Филипс, ко-директор на компанијата за цигари Карнилинкс на Адријано Мацоти.

faktor.mk