Претпријатието кое стопанисува со нафтоводот Скопје – Солун, до Регулаторна комисија за енергетика поднесe барање за добивање лиценца зa повторно да проработи

0
144

Вардакс, претпријатието кое стопанисува со нафтоводот Скопје – Солун, до Регулаторна комисија за енергетика поднесe барање за добивање лиценца зa повторно да проработи. Во ова претпријатие сопственик од 20 отсто е државата преку претпријатието „Нафтовод“, а поголемиот удел од 80 проценти го има групацијата Хеленик Петролеум, објави faktor.mk.

Директорот на Нафтовод, Есад Рахиќ, за „Фактор“ вели дека нафтоводот има потенцијал годишно да испорачува милион тони дизел за Македонија и Косово и тоа би значело голема сума за државата од наплатата на транспортот.

– Можам да објавам дека конечно е тргната работата во вистински правец. Се работи за стратешки проект кој не смееше да биде изоставен. Не знам ни самиот зошто досега се чекаше за ваква работа. Освен финансискиот бенефит, земјата ќе добие поевтина и поквалитетна нафта. Сепак ова е сamо почеток, треба да се донесат и изменат уште неколку законски и подзаконски акти за старт на работата, ни изјави Рахиќ.

Директорот вели дека процедурите продолжуваат и понатаму, но важно е дека во меѓувреме се зголемила свеста за овој проект. Во иднина нафтоводот ќе го промени своето име и ќе се вика продуктовод. Барањето до РКЕ е поднесено на 23 ноември.

Текстот во целост на: faktor.mk.

фото: faktor.mk.