Започнаа активности за засадување на нов дрворед на патеката кон „Горица“. Според планираното ќе бидат засадени вкупно 123 садници од автохтоните видови врба (Salix alba) и даб (Quercus pedunculiflora), напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
Во објавата градоначалникот додава:
Новите садници се дел од Планот за ревегетација на Општина Охрид, како замена за дрвјата кои беа отстранети поради реконструкцијата на улицата „Македонски Просветители“. На оваа улица, според предвидениот проект за реконструкција ќе бидат засадени вкупно 96 стебла од видот Малус (Malus).
Новиот дрворед на патеката кон „Горица“ се засадува на потегот кај Скејт паркот и на потегот од Фитнес зоната до хотел „Парк“. Активностите ги спроведуваат екипите на ЈП „Охридски Комунелец“.
извор: ФБ Кирил Пецаков