(ФОТО) Пилотите кои го преживеаа падот на хрватскиот Миг21

Пилотите кои успешно се катапултираа од МИГ непосредно пред да се урне околу 14 часот се полковникот Звонимир Милатовиќ и мајорот Иван Лукан, пренесува Вечерњи лист.

Двајцата пилоти се повредени, но се во стабилна состојба и се пренесени на преглед во болница.

Станува збор за искусни и одликувани пилоти.

Иван Лукан, пилот на борбената ескадрила, на 25 април 2017 година со одлука на тогашната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ е одликуван со орден „Исклучителен потфат“. На 15 март тој летал со Миг 21 над Бродско-Посавинската жупанија кога во еден момент му запрел моторот. Благодарение на неговата смиреност, Лукан успеа да го рестартира моторот и да слета во 91-та воздухопловна база во Плесо. Мајорот Иван Лукан е родум од Загреб. Своето образование го започнал во 1998 година, а дипломирал во 2003 година како член на 7-та генерација воени пилоти.

Полковникот Звонимир Милатовиќ го доби истиот медал во 2008 година, откако му се расипа моторот и падна дел од левото крило на авионот МиГ-21 за време на пробата пред церемонијата по повод Денот на вооружените сили на Република Хрватска. Медалот му го додели тогашниот претседател Стипе Месиќ, а во образложението пишуваше дека медалот го заслужил за покажаната вештина во летање со авион во исклучително тешки околности.

Поради ова, Милатовиќ во 2009 година ја доби наградата „Гордоста на Хрватска“.

Милатовиќ имаше драма и во 2013 година кога птица влета во моторот на неговиот МИГ. Милатовиќ успеа да го приземји МиГ, се тркаше по пистата во Велика Горица и конечно успеа да го запре авионот на ливада.

Во 2018 година, Лукан учествуваше во заедничка вежба со британските пилоти.

– Посебно сум горд бидејќи при оваа вежба видовме дека најголемата разлика меѓу хрватските и британските пилоти е техниката. Тоа значи дека луѓето, односно нашите пилоти и начинот на кој тренираме се во светло на набавката на повеќенаменски борбен авион – изјави тогаш Лукан.

 

24sata.hr