Прогласена за виновна за проневера и даночна измама, семејната компанија на Трамп

Семејната компанија на Доналд Трамп „Организацијата Трамп“ (Trump Organization), вчера од судот во Менхетен, во Њујорк, беше прогласена за виновна за проневера и даночна измама, по судењето што не го вклучи и поранешниот републикански претседател, јавија американските медиуми.

-Ова е првпат семејна комапнија, во која се вклучени клубови за голф, луксузни хотели и агенции за недвижности да биде осудена во кривична постапка, изјави главниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, во соопштението за печатот.

Иако на Трамп не му беше судено лично и иако казната беше релативно мала во споредба со големината на компанијата, тоа е судски пораз за поранешниот претседател (2017-2021), кој официјално е кандидат за републиканска номинација за претседателските избори во 2024 година.

 

nezavisen.mk