„Најразгаленото дете од Англија“ има златна Versace цуцла, не пие вода од чешма и се бања со млеко и мед – мајка му живее од социјална помош.
Синот на 32-годишната Кејси Акрам веќе е познат како „најразгаленото дете во Англија“ во британските медиуми.
Синчето Џарим има само две години, но мајка му троши огромни суми за да му купува скапи играчки и облека.
Кејси не е вработена и за Daily Mail вели дека добива и социјална помош, а поради ова честопати е критикувана и од јавноста, и од поранешниот партнер – таткото на Џарим.
За овој Божиќ, Кејси вели дека синчето ќе добие подароци во вредност од над 2.500 долари кои вклучуваат облека од брендот Burberry и патување на Канарските Острови.
Мајката тврди дека штеди за подароците уште од мај годинава.
„Подароците се скапи но почнувам да купувам подароци уште во мај. Купувам малку по малку. Имам систем за штедење. Јас давам околу 1.000 долари, а татко му ми ги дава останатите пари.
Се надевам дека на Божиќ синчето ќе има 100 подароци – сакам целиот под да биде со подароци“.
crnobelo.com.mk