АМСМ: Врнежи од слаб дожд се бележат на планинскиот превој Буково

0
174

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб дожд се бележат на планинскиот превој Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

амсм