(ВИДЕО) Хрватски навивач го следеше натпреварот помеѓу Бразилците, хит е со неговата реакција!

На Твитер се прошири видео на кое се гледа како еден хрватски навивач сам го гледа натпреварот меѓу Хрватска и Бразил меѓу куп Бразилци, а неговата реакција по победата воодушеви многумина.

Завиен во хрватското знаме, тој со трепет го следеше пеналот, а во моментот кога Маркињос промаши гол и на тој начин и обезбеди на Хрватска пласман во полуфиналето, навивачот почна да скока од радост пред очајните Бразилци.

 

Погледнете како тоа изгледаше во видеото:

 

index.hr