Бугарија да ги регистрира македонските здруженија, бара Советот на Европа

Бугарија повеќе да не го одбива регистрирањето на здруженија кои имаат за цел „признавање на македонско малцинство во Бугарија“, врз основа на мотиви кои се во спротивност со пресудите на Европскиот суд за човекови права, побара извршниот орган на најстарата паневропска организација на 451. состанок на Комитетот на министри на Совет на Европа, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Неизвршената група пресуди од страна на Бугарија повторно се најдоа на дневниот ред на Комитетот на министрите на Советот на Европа, по втор пат за една година и повторно констатацијата е иста – пресудите не се извршени.Станува збор за пресудите 59491/00 Обединета македонска организација „Илинден“ и други од 19.01.2006 година, конечна на 19.04.2006 година; 34960/04 Обединета македонска организација „Илинден“ и други бр.2 од 18.10.2011, конечна на 03.08.2012; 29496/16 Обединета македонска организација „Илинден“ и други (бр. 3) од 11.01.2018, конечна на 11.04.2018, 70502/13 Јордан Иванов и други од 11.01.2018 до 11.04.2018; 67197/13 Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија и Радонов од 28.05.2020 конечна на 28.05.2020; 23702/15 Василев и Друштвото на репресирани Македонци во Бугарија жртви на комунистичкиот терор од 28.05.2020, конечна на 28.05.2020 година, кои се разгледуваат како „комплексен проблем“.

 

МИА