Почина професорката д-р Анета Бучковска, поранешната сопруга на Владо Бучковски

0
281

Од Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) информираат дека починала професорката д-р Анета Бучковска.

„Со голема тага Ве известаме дека почина нашата почитувана и драга професорка, д-р Aнета Бучковска. Посмртните останки ќе бидат изложени во капела на ден 12.12.2022 (понеделник) во 11:00 часот на Градските гробишта Бутел. Бог да ја прости, сочуство до најблиските а ФЕИТ во следниот период ќе организира комеморативна седница за која ќе бидете дополнително известени“, пишуваат од таму.

Инаку, Анета Бучковска беше поранешна сопруга на поранешниот премиер Владо Бучковски.

 

idol.mk